17 Декември, 2025
0.0575

ФРАНЦИЈА: Саркози и официјално под истрага

Објавено во: Свет 02 Јули, 2014 10:40

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози и официјално е под истрага поради сомненијата за незаконски дејства во судскиот процес за финансирање на неговата изборна кампања. Тој се соочува со обвинение дека „тргувал со својата моќ и влијание“. Истрагата беше формално отворена 15 часа по распитот на Саркози, а ако судот го прогласи за виновен може да му биде изречена казна затвор од 10 години. Обвинителството се сомнева дека Саркози го злоупотребил своето влијание за да добие информации за процесот што се води против него за нерегуларно финансирање на кампањата за претседателските избори во 2007 година, кога победи. Ова е вторпат Саркози да се најде под истрага откако го загуби претседателскиот имунитет во 2012 година, кога на изборите го победи социјалистот Франсоа Оланд. Поранешниот претседател на Фрабција ги негира сите обвиненија против него. Според францускиот закон, да се биде под официјална истрага значи дека постојат докази за најверојатна вмешаност на осомничениот во противзаконските дела. Претходникот на Саркози на претседателската функција Жак Ширак, кон крајот на 2011 година беше прогласен за виновен за проневера на државни пари и осуден условно на две години затвор.    

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави