Франција стравува од напади за Божиќ - Илјадници полицајци низ улиците
Објавено во: Свет 24 Декември, 2017
Поради страв од терористички напади, Владата на Франција распоредила над 97.000 дополнителни полицајци и војници за божикните и новогодишните празници.
Тие ќе бидат фокусирани на трговските центри, верските објекти, божикните базари, јавниот превоз и туристичките локации.
Со „се уште големата терористичка закана“ и со цел заштита на безбедноста во текот на денешниот и утрешниот ден мобилизирани се 97.000 припадници на безбедносните сили, соопштува Министерството за внатрешни работи на Франција.