23 Мај, 2024
0.0305

Франсоа Оланд претставува мерки со кои ќе ги рестартира инвестициите

Објавено во: Економија 05 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Франсоа Оланд се обидува да ги смири критичарите меѓу неговата владејачка Социјалистичка партија без да отстапува од својата пробизнис позиција за мерките насочени кон стимулирање на инвестициите, пишува Financial Times.

Одот доаѓа само неколку дена откако партијата на претседателот претрпе загуба на локалните избори. Тоа предизвика критичарите да побараат промена во владините политики насочени кон бизнисот и претставени минатата година.

Во петокот Франсоа Оланд вети даночни намалувања за компаниите кои купуваат капитална опрема, а државната банка BPI ќе го зголеми кредитирањето за мали и средни бизниси од 5 милијарди до 8 милијарди евра.

Освен тоа приватните осигурителни компании прават придонеси во фондот со средства за 500 милиони евра, со кој ќе може да купуваат акции на компании кои бараат начини да го зголемат капиталот. Се очекува следната недела премиерот Мануел валцер да открие уште мерки за поддршка на бизнисот.

„Ние не правиме реформи за компаниите. Ние ги поддржуваме компаниите, така што ќе можат да инвестираат“, изјави Оланд пред работниците во фабрика во северен Париз.

"Убеден сум дека инвестициите ќе се зголемат", ја даде својата прогноза министерот за финансии Мишел Сапен. "Можеме да ја подобриме или да ја продлабочиме политиката, но треба да го одржуваме курсот. На компаниите им треба стабилност при составувањето на инвестициските планови. "

Пакетот мерки доаѓа по поднесените во 2014 даночни олеснувања и намалувања на социјалните трошоци за работодавачите за ниско квалификуваните работници во вкупна вредност од 10 милијарди евра годишно до 2017 година.

Премиерот Валс се надева на подобрување на економијата да помогне каузата. Се очекува Франција да излезе од рецесијата оваа година со економски раст од 1%, потпомогнат од поевтините евра и енергетски извори и рекордно ниските каматни стапки.

Премиерот дури претпостави дека растот ќе достигне 1,5 отсто - ниво, за што економистите сметаат дека 10 отсто од невработеноста треба да биде намалена.

Оптимистичка проценка на Валсбеше оладена од помалку оптимистичка прогноза на Организацијата за економска соработка и развој, објавена во четвртокот. Организацијата предвидува раст од 1,1% во 2015 година и повика за повеќе структурни реформи.

Од своја страна во мај француската влада ќе претстави пакет со реформи пред Европската комисија. Париз треба да го намали буџетскиот дефицит до 3% од БДП.

Можеби ќе ве интересира

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?