Габриел: Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор
Објавено во: Свет 02 Август, 2017
Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје, изјава германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.
Тој го поздравува фактот што по многу години безуспешни преговори се најде консензуално решение на отворените прашања.
„Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за натамошната евро-атлантска интеграција на ПЈР Македонија. Вреди да се напомене дека ова потпишување успеа да се спроведе за помалку од два месеци од инаугурацијата на новата македонска Влада. Убеден сум дека новата Влада во Скопје ќе продолжи да го спроведува овој вид на конструктивна соработка консеквентно со сите соседи“ - вели Габриел.
Исто така ги поздравувам напорите на новата Влада, по долгогодишна стагнација сега конечно да започне со итно потребните реформи за приближување кон ЕУ“, стои во изјавата на Габриел.
Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов вчера го потпишаа договорот во Скопје.