01 Мај, 2024
0.0297

Гацов: Singular прави силен продор со иновативни софтвери за игри на среќа

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Пред неколку месеци компанијата Singular беше номинирана за најиновативен софтвер во iGaming индустријата на светско ниво, а сега иновативните решенија кои ги нуди привлекоа глобален инвестициски фонд да купи 20 отсто од компанијата. Во разговор за Фактор, Дарко Гацов од Singular вели дека компанијата која е меѓународна планира да се шири и во регионот, но и пошироко во светот. Нејзина примарна дејност се игрите на среќа, додека тимот во Македонија развива софтвер за спортско обложување.


Гацов: Од самиот старт целта на Singular е креирање на иновативни решенија на пазарот на игри на среќа. Фокусот на иновативност беше причината која го привлече вниманието на еден глобален инвестициски фонд како Vereeni Investments. Инвестицискиот фонд се здоби со 20 проценти удел во компанијата Singular за почетна инвестиција од пет милиони евра која се очекува да се зголеми во наредните 13 месеци врз основа на проектираните резултати. Јас верувам дека инвестицијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на глобалниот iGaming пазар.





Како ќе влијае оваа инвестиција врз вашето работење?

Гацов: Целта останува иста, односно иновативни и стабилни решенија кои можат да се носат со конкуренцијата на светско ниво. Сепак, инвестицијата отвара многу нови врати за Singular. Фондот има инвестициско портфолио во компании кои оперираат во комплементарни индустрии на нашата. Па така, приклучувањето на Vereeni Investments во сопственичката структура на Singular отвара можности за ширење, не само на мрежата на клиенти, туку и соработници. Ова очекувам да иницира поголема динамика, односно едно побрзо темпо на работа.

Какви се вашите планови за во иднина?

Гацов: Веднаш после комплетирање на инвестицијата, на крајот на годината која измина почнавме со формирање на нова канцеларија на Singular во Талин, Естонија. Тоа ќе биде дополнително продуктно и сервисно засилување на глобалната стратегија и идните планови за развој и раст на Singular. Покрај Азија, Африка и Латинска Америка каде имаме големи планови и голем интерес за соработка, еден од плановите во наредниот период ќе биде да воспоставиме соработка и во нашиот регион. Ја следиме ситуацијата на Балканот и во Македонија и од регулативна и од оперативна перспектива. Како човек кој е директно одговорен за ширењето на Singular во Македонија, лично би ми било посебно драго да помогнеме во правилното градење на оваа индустрија и во нашата земја.


Singular е меѓународна компанија, но присутни сте и во Македонија. На што сте фокусирани во земјава?

Гацов: Примарната дејност на Singular се игрите на среќа, додека тимот во Македонија развива софтвер за спортско обложување. Навидум едноставно, но многумина би биле изненадени од многубројните функционалности на решението. Целиот процес на развој на софтверот се случува во Македонија, од анализа на глобалниот пазар, R&D процесите, па сè до финалната изработка односно програмирање, тестирање и испорака на производот.


Каков профил на луѓе вработувате? Колкав е бројот на кадри од Македонија кои се дел од интернационалната компанија Singular?

Гацов: Тимот во Скопје брои повеќе од 40 луѓе и постојано расте. Тимот се состои од програмери, софтвер тестери, DevOPs инженери, проектни менаџери, бизнис аналитичари и слично. Со новата инвестиција, како што веќе споменав, очекувам темпото на работа да се зголеми, а со тоа и потребата за уште поголем тим. Нас ни треба талент кој има потенцијал да размислува креативно, да допринесе за креирање на нови начини на фукционирање на производот, но и еден иновативен пристап во неговото развивање.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање