17 Декември, 2025
0.0615

(ГАЛЕРИЈА) ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА НИЗ ФОТОГРАФИИ - кој се дојде и и даде поддршка на ЛГБТИ заедницата

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 08:33

Добивај вести на Viber

Табу темите изгледа полека си заминуваат од овие простори, иако, како што вчера изјавија и самите учесници, има уште многу работа за македонското општество да стане инклузивно и толерантно.

Вчерашната парада на горфдоста покажа дека во земјава има многу граѓани кои не ја осудуваат ЛГБТИ заедницата, туку, напротов, и даваат целосна поддршка да ги ужива стите права како и сите други граѓани, да не биде стигматизирана и осудувана.

Се проценува дека неколку илјади граѓани биле на овој настан.

Меѓу учесниците беше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

„Гордо се приклучивме на #SkopjePrideParade денес за забавен и позитивен настан. Заедно се залагаме за еднаквост и слобода на сите граѓани на Северна Македонија и светот. Месецот на гордоста се залага за пркос пред неправдата, и борбата да се осигура дека сите луѓе ќе бидат третирани достоинствено и почит“, пишуваат од амбасадата.

На парадата присуствуваше и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.

„Горди сме на слободата која ја живееме. Но, слободата ниту е конечна, ниту е доволна, особено ако сѐ уште постојат луѓе кои не се чувствуваат слободни.

„Моето присуство на Парадата на гордоста е чин на солидарност и максимална поддршка на борбата за човековите права и слободи на секој еден, на секоја една.

Денес на ЛГБТИК+ парадата се маршираше против хомофобијата, секаква омраза, насилство и дискриминација. Да градиме општество еднакво за сите и да научиме да живееме со почит и толеранција, прифаќајќи ги различностите. Да се излезе за љубов и за еднаквост е достоинствено и праведно“, напиша Маричиќ. 

И министерката Тренчевска беше дел од парадата.

„Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ денеска во Скопје се оддржа Парадата на гордоста, настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

Министерството за труд и социјална политика, го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација со кој се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација. Целта на овој закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. За прв пат како основ за дискриминација се дефинирани сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Правото на избор секој да го живее сопствениот живот со изборот што го направил е неприкосновено право. Да се научиме да живееме и да практикуваме толерантност, почитување и прифаќање на различностите. Едно општество за сите!“, пишува таа.

Емил Кирјас, политичар и граѓански активист, исто беше дел од парадата.

„Зошто на Парада на #гордост во #Македонија? За сите #ЛГБТИ+:

- млади кои ја немаат поддршка од најважното - семејството, се кријат и мизеруваат

- жртви на физичко и вербално насилство кои институциите не ги штитат

- кои се лажно женети, па животот им е хипокризија и голема лага

А многу се! Навистина многу! Секој заслужува #среќа и вистинска #љубов“, пишува на фејсбук.

И новинарот Огнен Јанески присуствуваше. 

Од овогодинашниот Skopje Pride! Одлична атмосфера, одлична забава и прекрасни насмеани лица!

photo by: M. Andonovski“, напиша Јанески.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет