16 Јануари, 2025
0.0271

(ГАЛЕРИЈА) Протести, Гушкања, Собири – Што го одбележа денот?

Објавено во: Македонија 21 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Денов кој полека е зад нас го „здрмаа“ два протести во главниот град и еден народен (партиски) Собир во Битола.

На протестите (еден пред Влада и еден пред МРТВ) се искажа револт и незадоволство поради две причини.

Едната е слушнатите навредливи зборови за Ромите „влечењето за уши на гласање“ кои ја разбудија оваа група граѓани чие кормило беше управувано денеска од лидерот на ПЦЕР  (Партијата за целосна еманципација на Ромите) Самка Ибраимовски.

11072552_10153128334427380_2022393227_n

11073385_10153128334537380_1561350774_n

Тој пред присутните граѓани преку микрофон („Ние сме сиромашна партија, ние не сме ВМРО затоа немаме стриминг) повика на оставка од премиерот Груевски и изјави:„Ние имаме образ, вие немате бел образ, вие сте од Белизе и лажете дека ќе ја зголемите социјалната помош“.

11076788_10153128334777380_1696982646_n

Од другата страна неколкудневниот протест го продолжи лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов пред МРТВ.

Илјадници граѓани денес му се придружија и заедно со него се обидоа да изведат упад (но неуспешно) и да ја ослободат Националната телевизија од канџите на режимот како што милува да каже сам Стојанче , за која плаќаат сите граѓани а која не ги пренесува аудио снимките на опозицијата, образложувајќи дека добила забрана од Јавното обвинителство за нивно емитување.

IMG_0023

Секоја вечер Ангелов пред МРТВ носи ЦД-иња со снимките кои бара да ги пуштат но, досега од Националниот сервис остануваат глуви на неговите барања.

Тој повика со љубов а не со насилство, ГРАЃАНКИТЕ да им ги „фрлат бомбите“ (мислеше на ЦД-њата) и да ги гушнат и бакнат полицајците кои за возврат со опрема (шлемови и се по ред на нив) ги пречекаа пред вратите на МРТВ и остро ги запреа при што дамите беа принудени да скандираат СЛОБОДА , СЛОБОДА , за на крај да се повлечат и упатат кон Собрание.

IMG_0021

Законодавниот дом имаше чест пред него да биде испеана на цел глас “Море Сокол Пие“ со што масата на граѓани полека се разотиде од мирниот протест.

Додека низ главниот град СКОПЈЕ, ечеа аудио снимките, во градот на конзулите ечеше премиерот Груевски.

Караванот на собири кој е продолжение на овој од Скопје, денес продолжи од Битола.

vmro sobir

На партискиот собир на владеачката гарнитура збор имаа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, а присутните граѓани во салата Младост можеа да го слушнат и Антонио Милошоски и секако на крај говорот на премиерот, кој со овации и аплаузи беше следен во текот на истиот.

milososki od bitola

Од Битола, премиерот ги истакнуваше сите досегашни успеси и достигнувања на оваа партија. Најави нови мерки за намалување на невработеноста, истакнувајќи ја како посебна новата мерка со која работодавачите кои ќе вработат поширока категорија на граѓани ќе бидат ослободени од плаќањето на персоналниот данок и социјалните придонеси. Објави така наречена Позитивна „бомба“ за намалување на невработеноста.

grujo sobir

Со овие мерки премиерот очекува дрстично зголемување на бројот на вработени лица.

И порача дека сите политичари мора да ги почитуваат и уважуваат Уставот и законите на државата, бидејќи Република Македонија е суверена држава а не квислиншка творба како што ја нарече премиерот.

Но, секој со свое мислење и став. Едни за, едни против. Ваше е да одлучите кој пат во животот ќе го следите.

Но , во сето ова бидете реални и погледнете ги и едната и другата страна и проценете што е добро за иднината на оваа земја. Каде грешиме сите ниe во воспитувањето на истатата? И каде ќе не однесат ваквите поделби, омрази и препукувања меѓу самите нас граѓаните.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено