(ГАЛЕРИЈА) Први април под маски во Капитол Мол
Објавено во: Македонија 02 Април, 2015
Први апил е денот кога сите се смееме. Средбата на „ликовите од книгите“ која вчера се оддржа во Капитол мол измами многу насмевки кај сите присутни и на едно место видовме многу успешни маски.
Најуспешните пет маски си ги добија своите награди благодарение на ЕВН Македонија.
Наградени беа маските: Малефисент на Леа Христовска, Обеликс на Огнен Станоевски, Шеќерното Дете на Александар Србиноски, Силјан Штркот на Борис Пилатов, Итар Пејо на Петар Лазовски, Принцеза Деа на Деа Јаначковска и Фараон на Ратко Цукиќ.
Посебни награди (пакет книги) за своите маски добија Матеј Смиљковиќ и Јована Димитрова, сите инспирирани од детските книги. Книги и други подароци добија сите учесници на маскенбалот.
Оваа година маскембалот во Капитол мол се реализираше во организација на ЕВН Македонија и на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и е дел од кампањата за подигнување на свеста за читањето.
Проверете и сами како се забавувавa сите и препознајте ги омилените ликови од книгите на сликите од вчерашниот исполнет ден.