ГАЗДИ МОЖЕТЕ ДА ЗГОЛЕМУВАТЕ ПЛАТИ - барајте субвенции и не се плашете од контроли
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019
Газди, сега можете да ги зголемувате платите од 600 до 6.000 денари, и да користите субвенции од државата за придонесите.
Мила Царовска, министерка за труд денеска соопшти дека Законот за субвенционирање на придонесите е на сила, Правилникот е објавен во Службен весник, а УЈП е подготвена да ги прими сите нивни барања и да ги направи потребните трансфери кон фондовите.
„Законот важи за сите вработени вореалниот сектор и за сите компании. Компанијата може колку сака да ја зголеми платата, но субвенционирањето на придонесите е за максимум шест илјади денари“, нагласи министерката.
Во буџетот за идната година се одредени 2,4 милијарди денари за идната година.
Министерката очекува околу 20 до 25 отсто од вработените во приватниот сектор во земјава би требало да ја искористат оваа мерка.
Законот е во траење од три години, а министерката рече дека ќе разговараме дали има потреба од негово продолжување.
Сања Лукаревска, директорка на УЈП, нагласи дека постапката е едноставна.
„Барањето за субвенционирање на придонесите работодавачите го поднесуваат преку месечната пресметка за интегрирана наплата, образец МПИН, со внесување на ознака за лицето за кое побаруваат субвенционирање. Со внесување на шифрата, УЈП и за вработениот за кој се бара зголемување на платата - осигуреникот, а и за работодавачот, ја проверува исполнетоста на законските услови и во декларацијата за прием дава известување до работодавачот. За лицата за кои се одобрува субвенционирање, работодавачите ќе добијат порака дека се исполнети условите, а доколку не се исполнети условите се издава предупредување со појаснување на причината за неисполнување на условите. Субвенционирањето на придонесите се врши директно во пресметката со намалување на изнсот на придонесот за плаќање“, рече Лукаревска.
Пресметката и намалувањето се спроведува преку целосно автоматизирана процедура, со што е овозможено работодавачите, на наједноставен начин, со внесување на шифра и без дополнителни пресметки, да го остварат законското право. УЈП износот на придонеси за субвенционирање го дојавува до МТСП, а тоа потоа преку министерството ги извршува плаќањата на придонесите.
Софверското решение е прилогодено, денес на страницата на УЈП ќе биде објавена и новата верзија, рече Лукаревска.
Земени се предвид и исплатите на минималната плата, за кои придонесите се плаќаат до најниска основица. Пример, ако платата се зголеми од 12.500 на 14.500, ќе има субвенционорање на придонесите пресметани на разликата на зголемување.
Субвенционирање почнува со исплата на плататa за октомври годинава и ќе трае заклучно до 31.10. 2022 година. За исплатените плати за октомври работодавецот кој бара субвенционирање, треба да поднесе исправки, а ќе биде автоматски поврат седниот месец.
Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, се обрати до сите работодавачи - без страв и колебање да јка искористат оваа шанса, да не се плашат од контроли ако бараат субвенционирање, и дека сами можат да одлучат кој месерц ќе побараат субвенции.
„Направивме добро решение кое за разлика од поранешните, ќе придонесе за општ раст за сите плати“, нагласи Димитров.
Сите што ќе ја зголемат минимапната плата и ќе побараат, ќе добијат субвенционирање. Иако Правилникот за оваа мерка излезе вчера, ќе се бараат исправки, кои и досега постоеја.
Надлежните појаснија дека газдата може и во неколку наврати да ја зголемува плата, но ќе користи субвенции до максимум 6.000.
Платата ја покачуваат фирмите, а субвенционира државата, и притоа не ги празниме фондовите, нагласи Царовска.
Законот за минимална плата, пак, важи од декември, со исплатата на декемвриската плата. Тогаш власта ќе даде податоци колку работници добиле зголемување, од 12.500, на 14.500 денари.
Се очекува со законот за субвенционирање, и со минималната плата, платите да им се зголемат на околу 120 илјади вработени.
Димитров вели дека законот не прави притисок и товар, само помага. Главно ќе го користат трудоинтензивните дејности за да се олесни исплатата на минималната плата, но и други компании за да ги задржат младите, кои веќе не прифаќаат да работат за ниски плати.
Лукаревска рече дека за оние газди што ја бараат назад дел од минималната плата, надлежноста е кај Трудовиот инспекторат, а УЈП постапува за даночни затајувања. „Некогаш ќе вршиме заеднички контроли“, рече Лукаревска.
Мила - зголемување на плати. просечна плата е над 26 илјади повеќе од две илјади раст за само две години.
( Н.Н.Ф.)