19 Декември, 2025
0.0394

Гемиус е избран за официјален мерач на интернет сообраќајот во Белгија и Луксембург

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2014 12:56

Добивај вести на Viber

Гемиус стана официјалниот мерач и истражувач на интернет публиката во Белгија и Луксембург. Белгија, која што има интернет пенетрација од 75%, и Луксембург каде преку 80% од населението користи интернет на дневна база, сега се официјално 35-та и 36-та земја каде што Гемиус ги спроведува своите истражувања на интернет публиката (gemiusAudience). Соработката почна од 1-ви Април и ќе се спроведува во наредните две години, со можност за продолжување. Centre d'Information sur les Médias (CIM), и мешовитиот индустриски комитет на Белгија, го избраа новиот истражувачки партнер без тендерски процес. “Го поздравуваме нашето ново партнерство со посветени интернет експерти како Гемиус. Со задоволство гледаме на следниот период за соработка и изнаоѓање на прагматични истражувачки решенија во брзиот развој на интернетот”, изјави Стеф Петерс, претседател на CIM. “CIM одлучија да ги користат нашите услуги поради тоа што имаме добар имиџ и уживаме голема доверба од другите Европски индустриски комитети. Тие ги препознаа нашите конкурентски предности и фактот дека доставуваме решенија по мерка на клиентот, кои можат да се приспособат на специфичните локални потреби на самиот клиент. Понатаму, нашиот бренд е гаранцијата за добра и успешна методологија и инфраструктура”, додаде Пиотр Ејдис, претседател на Гемиус. Белгискиот CIM, е формиран во 1971 и е активен во сите медиумски полиња на локалниот пазар: телевизија, радио, печатени медиуми, билборди, филмови и интернет. Како непрофитна организација, ги објавува сите релевантни податоци од интерес на медиумите во Белгија. Во неа членуваат сите поголеми двигатели на пазарот, главно огласувачи, маркетинг агенции, медиумски центри и медиуми. Гемиус спроведува интернационални интернет истражувања со кои што го истражува бројот и демографскиот профил на интернет корисниците и начинот на кој тие го користат интернетот, аудио и видео содржините и мобилните апликации. Истражувањата се вршат со помош на хибридната методологија на Гемиус, која е во согласност со ICC/ESOMAR интернационалниот кодекс на однесување.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза