Генчовска е загрижена по бурните реакции во Македонија за францускиот предлог
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022 17:13
Бугарската министерката за надворешни работи Теодора Генчовска денеска изјави дека е загрижена за реакцијата во Македонија за францускиот предлог.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Северна Македонија.
„Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет“, рече Генчовска.
Вели дека бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи на Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.
„Колегите во Република Северна Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент“, додаде Генчовска.
Таа рече дека ќе преземат мерки против говорот на омраза во Македонија.Вечерва во 19 часот во Скопје повторно ќе има протест, и тоа петти по ред против францускиот предлог.
47 повредени полициски службеници, двајца хоспитализирани, 11 со потешки повреди, 11 приведени лица од кои двајца малолетници, оштетени зградите на Собранието и МНР е епилогот од протестот кој ескалираше синоќа.
Мнозинство од бугарскиот народ не го оправдува кревањето на ветото во бугарското Собрание, покажа анкета на агенцијата Алфа Рисрч.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




