16 Декември, 2025
0.3363

Германија ги отвора границите – дозволи двојно државјанство!

Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2014 08:42

Добивај вести на Viber

Долниот дом на германскиот Парламент ги усвои новите закони кои ги ублажуваат правилата за државјанство. Ова ќе им овозможи на Германците, кои имаат странско потекло, да поседуваат два пасоши - потег кој е од корист најмногу на многубројната турска заедница во земјата. Досега децата на имигранти од држави кои не се членки на Европската унија (ЕУ), мораше на 23-годишна возраст да одлучат дали сакаат германско државјанство, или ќе бидат граѓани на земјата на потекло на родителите. Неможноста да имаат двојно државјанство одамна ја дразне милионската турска заедница во Германија. Околу половина од турските имигранти во најголемата европска економија имаат германски пасоши. Со законодавните промени сепак се дава можност на младите луѓе да поседуваат два пасоши, ако докажат дека живееле во Германија во текот на најмалку осум години или учеле во земјата во текот на шест години и ги имаат положено потребните матурски испити. Турските лидери го критикуваа новиот закон, бидејќи тој се однесува само за млади и не ги опфаќа постарите луѓе, многу од кои имаат поминато децении во Германија. Предлог-законот за двојното државјанство беше еден од условите на левоцентристичката Социјалдемократска партија (SPD) за учество во владејачката коалиција на Ангела Меркел, потсетува весникот. Конзервативците истовремено се спротивставуваа на двојното државјанство, со образложение дека е невозможно луѓето да се лојални на две земји истовремено. Во Европската унија (ЕУ) нема општи правила во однос на двојното државјанство. Повеќето земји од ЕУ го дозволуваат, како Чешка, Данска, Естонија, Полска, Словачка, Литванија и Холандија имаат воведено некои ограничувања. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“