Добивај вести на Viber
Интернетот станува се поважен медиум за рекламната индустрија.Минатата година компаниите во Германија инвестирале 6,47 милијарди евра за рекламирање во мрежата, покажало истражувањето на Федералната асоцијација за дигитална индустрија. Според нив, тоа е раст од 13% во споредба со 2011 година. За тековната 2013 година, од Асоцијацијата очекуваат раст од 11 проценти односно 7,18 милијарди евра. При пресметувањето на овие вредности не се земени во предвид вообичаените попусти кои биле давани за редовните клиенти, јавија германските медиуми.
Така според податоците на Федералната асоцијација за дигитална индустрија, онлајн рекламирањето веќе претставува една петтина од вкупниот пазар (21,8%). Сепак најмногу реклами сеуште одат во телевизијатата која има пазарен удел од 38,2%. Весниците и списанијата пак во Германија собираат 30,4% од рекламниот колач. Притоа, појаснуваат од Агенцијата, ваквата статистика е добиена врз основа на податоците на најголемите 19 маркетинг компании во земјата кои покриваат околу 75 проценти од пазарот.
Според податоците на Агенцијата, 3,78 милијарди евра се потрошени за „традиционални“ онлајн реклами, што претставува зголемување од 15%. Овде спаѓаат рекламен простор како банер реклами, видео реклами и спонзорирани подстраници, т.н. микро-сајтови. За подобрување на резултати од пребарување биле потрошени 2,28 милијарди евра (раст од 10%), од кои најмногу искористил Гугл.
Партнерските мрежи пак кои пуштаат реклами на многу сајтови земале бруто 411 милиони евра (раст од 10%).
Како што најавуваат од Федералната асоцијација за дигитална индустрија, за парите потрошени за развојот на мобилното рекламирање, односно рекламите на паметни телефони и таблети, ќе прават ново истражување.
Каква е состојбата во Македонија?
Според последниот инфографик на „Httpool Macedonia“ и „Ipsos Strategic Puls“, лани во земјава се потрошиле скоро 2 милиони евра на онлајн реклами. Ова е пораст од скоро 300 илјади евра во споредба со бруто буџетот од 2011 годинa, односно за 700 илјади повеќе од 2010 година, покажуваат нивните податоци.
Во продолжение може да го погледнете и инфографикот за Македонија кој беше објавен овој месец: