Германците чести донатори во Прилеп, се испитуваат можностите и за економска соработка
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2013
Германската амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер која е во посета на општина Прилеп, денеска разговараше за можностите за економска соработказа со градоначалникот Марјан Ристески.
„Се надевам дека наесен ќе се реализира една конференција од германското здружение „Комитет за Источна Европа”. На овој начин ќе се поканат потенцијалните инвеститори од Германија во Македонија. Помали групи од германската делегација ќе одат во градовите и ќе биде земен предвид и Прилеп“, најави Штајнакер. Германската Влада е чест донатор во Прилеп. Со грант од КФВ банката од 10 милиони евра беше реализиран проектот за обнова на водоводната мрежа и решавање на проблемот со водоснабдување во градот.Во логопедската амбуланта пак при Здравствениот дом, Амбасадата даруваше логопетски дигитален сет апарати во вредност од 7.000 евра за потребите на пациентите со оштетен говор.
Германската амбасада на градската библиотека „Борка Талески” по трет пат и даруваше и стручна литература и белетристика.