23 Април, 2024
0.0325

ГЕРОСКИ: Ковачевски ги издржа сите притисоци и покажа развиено чувство на политичка и историска одговорност

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Новинарот Бранко Героски во својата колумна на порталот Плус инфо излезе со сериозна критика за бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, но и со пофални зборови за премиерот Димитар Ковачевски, кој, како што пишува, ги издржал сите притисоци и покажал развиено чувство за одговорност.

Пренесуваме дел од колумнаа на Геровски. 

Во македонскиот јазик – тој со чие постоење Бугарија никако не може да се помири – постои изразот „лек Петко“. Означува наивен и лекомислен човек. Можно е ист или сличен израз да постои и во бугарскиот јазик.

Начинот на кој сега паднатиот премиер Кирил Петков му држи лекции на македонскиот премиер Димитар Ковачевски укажува на една неверојатна наивност на човек којшто ја жртвуваше својата премиерска функција за едно големо – ништо.

...

Овој Кирил навистина да ти бил еден лек Петков!

Вистински храбра одлука, драг наш лек Петков, е таа што ја донесе македонскиот премиер Димитар Ковачевски, отфрлајќи го францускиот предлог.

Еве, вака зборува политичар со високо развиено чувство за сопствената политичка и историски одговорност. Го цитирам Ковачевски:

„Францускиот предлог каков што е во моментот е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија. Мојот народ мора да се почитува. Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори. Сакам да ја искористам оваа прилика и да порачам дека граѓаните на Северна Македонија може да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Ние направивме сè, сега ЕУ е на потег.“

На иницијатива на Макрон и на другите сојузници на Софија, Македонија во последниве недели беше соочена со жесток и беспримерен притисок да прифати предлог што директно ги воведува софиските оспорувања на македонскиот идентитет во рамката за преговорите меѓу нашата земја и ЕУ. Ковачевски, кој одамна рече дека за овие прашања нема да се преговара, постапи мудро, ги сослуша ставовите на сите релевантни политички фактори во земјава и го потврди и сопственото гледиште – ваков предлог не може да се прифати.

...

... Ковачевски одлучно застана на принципиелни позиции и ги отфрли софиските уцени спакувани во францускиот предлог.

Постапувајќи така и преземајќи многу поголем ризик од Кирил Петков, македонскиит премиер им одржа лекција на европските политичари за тоа што значи одговорно владеење на човек кој вели: „Мојот народ мора да се почитува“.

Повеќе детали во колумната на Героски

Можеби ќе ве интересира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза