ГИ ПОМЕСТИВМЕ СТРЕЛКИТЕ: И Славчо Попоски за укинување на оваа пракса, а еве и зошто
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2018 06:50
Најверојатно, Македонија за последен пат ги помести стрелките на часовникот наназад за еден час изминатава ноќ и така премина кон зимско сметање на времето.
Летното сметање заврши во три часот по полниќ, кога часовниците се вратија еден час назад, односно на два часот. Убавата вест е дека ќе спиеме час подолго.
Меѓутоа, веќе следната година, оваа пракса би можела да се промени бидејќи Европската комисија во текот на оваа година предложи стрелките повеќе да не се поместуваат два пати годишно, така што последното поместување би можело да се промени уште во март следната година.
Како и каде ќе биде, ќе се знае во април 2019 година, до кога земјите членки на Европската унија имаат време да одлучат дали сакаат трајно да изберат зимско или летно сметање на времето. Истото важи и за Македонија, која исто така ќе го избере тоа време кое ќе го изберат земјите на Унијата.
Она во што се согласни и експертите и Европската комисија, е дека единственото време дефинитивно е подобро решение од поместувањето на стрелките два пати годишно.
„Фактор“ за мислење по ова прашање го запраша метеопрогнозерот Славчо Попоски кој вели дека овој предлог би требало да се усвои.
„Моето мислење како метеорогнозер а сигурен сум и на многумина од граѓаните би било одлично доколку навистина овој предлог конечно се усвои и останеме само на летното сметање на времето.
Кај многумина поместувањето на стрелките на часовниците и менување на часовниот од зимско кон летно сметање на времето и обратно и тоа како негативно влијае, многу лошо влијае исто така и врз здравјето на граѓаните“-вели Попоски.
Тој додава дека Македонија треба да го прифати овој предлог и да не чека повеќе, бидејќи како што вели „така ќе прекинат овие непотребни работи за граѓаните, односно поместување на стрелките на часовниците“.
Славчо потенцира дека доколку се избере зимското сметање на времето „тоа за нас ќе биде многу лошо, зошто? Затоа што денот ќе трае многу пократко а ноќта ќе биде многу подолга, сосема исто како што е и во текот на зимските месеци кај нас. Токму ова го мразат и најголем дел од граѓаните“- вели метеопрогнозерот кој се прослави со предвидувањето на страотните поплави кои го погодија скопскиот регион и однесоа повеќе жртви.
Исто време, подобро здравје
Период од неколку дена адаптација по поместување на стрелките, негативно влијае на луѓето, покажуваат некои истражувања на странски експерти.
Населението е деконцентрирано, уморно, мрзоволно, а со тоа и помалку продуктивно, дури е забележан и поголем број на сообраќајни несреќи.
Периодот на адаптација е индивидуален: од неколку дена до два месеци. Меѓутоа, со користење на единствено време овие непријатности ќе се избегнат.
Европската комисија организираше од 4 јули до 16 август интернет консултации за можна промена на сметање на времето во Европа. Од 4,6 милиони Европјани од 28 земји членки на Унијата кои учествувале во анкетата, 84 проценти го поддржуваат укинувањето на летно и зимско пресметување на времето.
Ирена Ставрова
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




