16 Декември, 2025
0.0560

Ѓорчев за Села: Го прашав која крвна група е за да биде се спремно за него во болница

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 20:11

Добивај вести на Viber

Пратеникот oд ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска сведочеше на рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од 27 април лани  во Собранието, при што кажа дека кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги брани. 

Рече дека не видел кога бил повреден Села, ниту кој бил напаѓачот. Тој пред Судот додал дека претспоставил дека едно лице кое лежело со лицето на подот може да е Села, но се вратил назад да ги брани пратениците. Според него, еден од обвинетите во случајот, Александар Јаневски Тошта, бил еден од оние кои застанале на вратата од прес-салата за да спречи нови демонстранти да влезат.

„Бев со Никола Тодоров и со медицинска екипа кога отидовме да го видиме Села. Му реков „Ќе излеземе од овде Зијадин“. Го прашав која крвна група е за да биде сè спремно за него во болница, едвај ми кажа и јас ја запишав на дуксерот во кој беше преоблечен Села“- изјави Ѓорчев. 

Обвинетите за обидот за убиство на Села претходно се изјаснија за невини.

Судењето ќе продолжи во четврток кога ќе се сослушуваат други сведоци предложени од одбраната.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење