17 Декември, 2025
0.0513

Ѓорѓиев : Се очекуваат подобри денови за македонската економија

Објавено во: Економија 28 Август, 2013 17:00

Добивај вести на Viber

Владата секогаш е подготвена да му помогне на стопанството и натаму посветено ги следи состојбите во економијата, континуирано комуницира со бизнисот, дијалогот и консултациите за подобрување на состојбите продолжуваат.

Како што рече денеска портпаролот Александар Ѓорѓиев, вицепремиерите Пешевски и Ставрески се во постојан контакт со компаниите, вклучително и со претставниците на металуршката индустрија, редовно имаат состаноци и разменуваат мислења.

„Постои дијалог и добра соработка. Сме покажале дека знаеме да излеземе во пресрет на потребите на стопанството. Очекуваме идниот период, ако во заедничка консултација потпретседателите на Владата Пешевски и Ставрески кои се во постојан контакт со компаниите проценат, да разгледуваме и конкретно да информираме за одредени состојби“, истакна Ѓорѓиев, одговорајќи на новинарско прашање.

Оценувајќи ги како позитивен сигнал последните статистички податоци за раст на индустриското производство, Ѓорѓиев нагласи дека се очекуваат подобри денови за македонската економија која како и сите други во светот трпеше последици од глобалната и европската должничка криза.

„Македонската економија многу зависи од економиите на земјите членки на ЕУ и регионот кои исто така се поврзани со трговската соработка со ЕУ. Со подобрување на можностите во рамки на европската економија и со владината поддршка што континуирана му се дава на стопанството, очекуваме подобри денови“, рече владиниот портпарол.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно