„Гласале повеќе од 2 милиони луѓе. Пред четири години помалку од 1,15 милиони. Ве потсеќа на нешто?!“: бура од реакции по изборот на Мамдани
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2025 09:26
Изборот на новиот градоначалник на Њујорк, САД - Зохран Мамдани предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Неговата победа не само што ги поттикна коментарите низ САД, туку ги потикна и домашните општествени критичари на отворена поддршка за изборот и критика кон досегашните начини на водење на политиките.
Се огласи професорката Мирјана Најчевска која укажа дека жителите на Њујорк се спроивстваија на „копукот кој им ја води државата“.
Воедно Најчевска пренесе и став на уште еден општествен „критичар“, Бојан Петровски, кој пак истакна дека ова е најмладиот избран градоначалник во историјата на градот.
- Со нетрадиционалниот пристап и програма ги победува големите бизниси и олигархијата и ја добива поддршката на новата генерација. Апсолутно не ме интересира дали е муслиман, католик, будист или марсовец фактот на ова горе што го говорам е следен: На овогодинешните избори гласале повеќе од два милиони луѓе. Пред четири години, излегле помалку од 1,15 милиони гласачи. Ве потсеќа на нешто? - напиша Петровски.
На темата се огласи и лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, изборот на њујорчани или победата на Мамадани ја поврза со некогашна Југославија.
- Само да ви доловам колку ЈУГОСЛАВИЈА била пред времето... Една од ударните мерки на Зохран Мамдани - новоизбраниот левичарски градоначалник на Њујорк (САД / 2025), беше дека ќе воведе она што кај нас го знаевме како НА-МА (државни продавници за храна со ограничена маржа) - напиша Апасиев.
На темата се огласи и професорката Билјана Ванковска, која беше кандидат за претседател на Македонија, поддржана од опозициската Левица, и сосема очекувано победата на Мамдани ја поврза со кандидатот на Левица на последните локални избори.
- Њујорк го доби она што Скопје се исплаши да го изгласа! Честитки за Мамдани и нека биде доказ дека алтернатива секогаш постои , дека градовите им припаѓаат на граѓаните а не на олигархијата! - напиша Ванковска.
За потсетување левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа.
Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк.
Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од гласовите, поранешниот демократски гувернер Ендрју Куомо 41,6 отсто, а републиканецот Куртис Слива 7,1 отсто, со помалку од 3 отсто од гласовите што остануваат да се пребројат.
Доколку резултатот биде потврден, Мамдани би станал првиот муслиман градоначалник на Њујорк – и еден од најистакнатите избрани противници на американскиот претседател Доналд Трамп.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




