Глатко гласање во парламентот: Пратениците си обезбедуваат 4 милиони евра за партиите
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2020
Законот за финансирање политички партии вчера помина на Комисијата за политички систем. Поддршка даде и опозицијата, а со него партиите си овозможуваат да им се вратат назад парите кои им беа скратени со уредба со законска сила пролетва оваа година поради пандемијата. Односно со измените на законското решение практично пратениците гласаат за враќање на околу 4 милиони евра кон нивните матични партии.
Оваа година, поради ковид-кризата, наместо 0,15 проценти од буџетот, политичките партии добија само 0,04 отсто, или наместо 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила им беа исплатени само 71.480.556 денари (1,16 милиони евра) пред парламентарните избори.
Неодамна министерот за правда Бојан Маричиќ, најави дека со новиот предлог за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.што е усвоен од Владата се намалува финансирањето на политичките партии од националниот буџет за 30 отсто во наредните години.
„Основата на овој закон лежи во тоа дека политичките партии треба да останат надвор од влијанието на бизнис секторот и затоа добиваат јавни пари. Меѓутоа за следната година и за таа потоа ќе се користи само 70 отсто од буџетот., Не може да се каже дека намалувањето за 30 проценти е малку, изјави министерот за правда Маричиќ на крајот на минатиот месец.
Пред две години на политичките партии од буџетот им беше овозможено годишно да добиваат 4.5 милиони евра, односно 0,15 отсто од средствата на јавната каса. На сметка на зголемувањето сумата на државното финансирање, се намали сумата на донации што може да ја добиваат партиите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.