06 Октомври, 2024
0.0307

ГНЕВ И ОЧАЈ ВО ЗЕМЈАВА: ПАЛЧО Е ПРВООСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВАТА, ТОЈ Е ИЗБЕГАН - мајката на Вања продала стан, тие пари биле мотив за изнудата

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е Љупчо Палевски – Палчо кој во моментов е во бегство, а денеска на прес-конференцијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски низ новинарските прашања за вмешаноста на Палчо, не го посочија конкретно со име и презиме, но одговараа на прашањата на кои изрично беше посочено неговото име како првоосомничен во грозоморните дела. 

Како што информираше министерот за внатрешни работи Спасовски, лицето е заминато од државата со возило заедно со неговиот адвокат во Белград, а потоа во Бугарија. 

- Секако, главен организатор, а воедно и извршител кој со пиштол на 27.11. според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата веднаш истрага од страна на полицијата, е лицето кое ја напуштило државата непосредно по стореното кривично дело. По него се трага. Можам да ви ветам дека ќе сторам сѐ јас и институцијата, ова лице, или подобро овој монструм, на кое му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата, рече министерот.

Спасовски дополни дека за лицето ќе биде издадена меѓународна потерница, а во однос на прашањето дали имаат некакви сознанија дека тој се обидува да пребегне во Русија, тој одговори негативно.

Јавниот обвинител, Гаврил Бубевски, на денешната прес-конференција изјави дека 74 годишниот Панче Жежовски од Велес е убиен бидејќи му должел 500 евра на еден од осомничените и бил „прометна жртва“ за да се земе возилото со кое потоа е киднапирана Вања.

- Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осомничените и така е избран како жртва за да се земеме колата и да се киднапира девојчето, изјави Бубевски.

Бубевски соопшти дека има сознанија дека мајката продала стан, а тие средства биле мотив и таргет за изнудата.

Таткото имал комуникација со лицето кое сега е во бегство, тоа е само сомнение, засега, и нему му кажал, како и кога девојчето излегува од дома.

Според денешните информации, станува збор за група која дејствувала заедно и извршила две кривични дела „грабнување“ и „убиство“.

- За тројца од петмината инволвирани за кои постои сомневање, имаме признание за целокупниот нивен ангажман во настанот и кој за што бил задолжен во ова кривично дело. Од сето ова можеше да се дефинира дека извршиле две кривични дела – грабнување, кои се поврзани со делото користољубие, грабнување заради корист. Имаат извршено и две кривични дела – убиства, со поврзаност на двете дела, со што тоа добива најтешка кривична казна, рече Бубевски.

Останатиот дел од групата се горенаведениот организатор и реализатор на убиствата Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство, како и таткото на малолетничката, Александар Ѓорчевски, кој, како што рече јавниот обвинител Бубевски, ги негира наводите за неговата инволвираност, а за кој останатите осомничени во своите искази изјавиле дека од него добиле информации за движењето на неговата ќерка.

Љупчо Палевски - Палчо е поранешен градежен бизнисмен и основач на партијата Десна.

На прес-конференцијата, Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија. 

- Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали