ГО НАСЛЕДИ ЧАВКОВ, АМА ЗА КРАТКО: Лазо Велковски ќе се збогува од БЈБ
Објавено во: Македонија 15 Август, 2018
Скоро една година Лазо Велковски го управуваше кормилото на Бирото за јавна безбедност а поради скандалот со кој се нарушени правилата на полициската служба на седницата на владата сега екс директорот е разрешен од функцијата.
Лазо Велковски е близок со актуелната владеачка партија а предлогот за негово отповикување дојде токму од министерот Оливер Спасовски.
Пред неколку дена беше откриено дека Велковски со службен полициски џип користејќи го службениот возач, ја испратил својата ќерка со неколку нејзини другарки на одмор во Грција при што во јавноста се крена „бунт“ но и остри критики, па медиумите запрашаа зошто личниот автомобил на Лазо не е подобар од службениот „ренџ ровер“ ако се земе предвид фактот дека тој поседува audi A4 od 1.000.000 денари.
Тој е дипломиран криминалист кој во Министерството за внатрешни работи од 01 март, 1991 година, а најверојатно ќе остане да работи во институцијата каде скоро 27 години извршувал работни задачи на повеќе позиции .