Зошто личниот автомобил на Лазо Велковски не е подобар од службениот „ренџ ровер“: Каков имот има директорот?
Објавено во: Економија 06 Август, 2018
Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Лазо Велковски, поседува стан, повеќе парцели земјиште, автомобил и акции, покажуваат податоците од неговиот анкетен лист.
Првиот човек на БЈБ е инволвиран деновиве во случајот со „ренџ роверот“. Медиуми тврдат дека неговата ќерка одела на одмор со другарки во Грција со „Ренџ Ровер Дискавери Спорт”, цивилно возило во сопственост на МВР
Од МВР одговорија дека возилото е возено од службено лице вработено во министерството, но без да дадат одговор зошто се вози на територијата на Грција.
Одговорено, исто така, било дека за користењето на службеното возило ќе бидат известени соодведните органи во структурата на Министерството коишто ќе го истражат случајот.
Велковски од 2001 има стан од 2,5 милиони денари во Скопје од 66 м2, автомобил audi A4 od 1.000.000 денари, а рено меган во вредност од 300.000 денари на име на децата, 32 акции во вредност од 900.000 денари и шест плацови сите во Скопје со големина од 1.000 м2 до 3.285 м2 и вредност од 400.000 до 1.500.000 денари.