27 Март, 2025
0.0296

ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ ЈАКО ИНВЕСТИЦИСКА ЗА „МАКСТИЛ“ - компанијата најави вложување на шест и пол милиони евра

Објавено во: Економија 24 Март, 2025 11:19

Добивај вести на Viber

„Макстил“ годинава влегува во голема инвестициска офанзива, во која ќе вложат близу шест и пол милиони евра. 

За тоа компанијата деновиве ја извести Берзата преку објава на ценовно чувствителна информација. 

Оваа вредност надминува 10 отсто од капиталот на друштвото, и од тие причини мора да биоде споделена со инвеститорската заедница. 

„На 10 март Одборот на директиори донесе Одлука со која е одобрен план за набавка на основни средства и нови инвестиуциски проекти, чија реализација ќе почне во 2025 година, со планиран вкупен буџет од 6.430.324 евра. Финалната вредност на набавените основни средства и инвестициските проекти ќе бидат презентирани во ревидираните финансиски извештаи на друштвото, што ќе бидат реализирани во следните известувачки периоди“, се вели во објавата од компанијата.

Инаку, овие нови инвестиции надминуваат 10 отсто од капиталот на друштвото, а како што велат од „Макстил“, имаат за цел унапредување на ефикасноста на производствените процеси во компанијата, обезбедување на безбедна работна средина и заштита на здравјето на вработените, подобрување на условите на работа и подобрување на квалитетот на производите. 

„Почнувањето со реализација на секој од планираните проекти ќе биде предмет на дополнително одобнрување од страна на Одборот на директори“, се вели во објавата на ова акционерско друштво на Берзата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАОСТРУВА УСЛОВИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ - ќе се укинува надоместокот доколку некој одбие работа

ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАОСТРУВА УСЛОВИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ - ќе се укинува надоместокот доколку некој одбие работа

АТАНАСКО ТУНЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО РКЕ – Владата на Собранието му предложи два нови члена на комисијата

АТАНАСКО ТУНЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО РКЕ – Владата на Собранието му предложи два нови члена на комисијата

ТРАМП ОДОБРИ 25 ОТСТО ДАНОК ЗА АВТОМОБИЛИ ПРОИЗВЕДЕНИ НАДВОР ОД САД - се закани и со поголеми ако ЕУ и Канада соработуваат

ТРАМП ОДОБРИ 25 ОТСТО ДАНОК ЗА АВТОМОБИЛИ ПРОИЗВЕДЕНИ НАДВОР ОД САД - се закани и со поголеми ако ЕУ и Канада соработуваат

КОЈА БИТОЛСКА КОМПАНИЈА ЛАНИ СЕ „ЗАКИТИ“ СО ПРОФИТ ОД 2,7 МИЛИОНИ ЕВРА - како минатата година работеше „Киро Дандаро“

КОЈА БИТОЛСКА КОМПАНИЈА ЛАНИ СЕ „ЗАКИТИ“ СО ПРОФИТ ОД 2,7 МИЛИОНИ ЕВРА - како минатата година работеше „Киро Дандаро“

Инвеститор што бил поканет од државата да вложува, остава вработени во неизвесност?

Инвеститор што бил поканет од државата да вложува, остава вработени во неизвесност?

„КОСАТА НА АНГЕЛОТ“ ГО ПОБЕДИ „ДУБАИ“ Новото чоколадо стана хит

„КОСАТА НА АНГЕЛОТ“ ГО ПОБЕДИ „ДУБАИ“ Новото чоколадо стана хит

Е ДО ТОЛКУ СЕ ВО ОЧАЈ: Германците бараат работници - ако играте „Minecraft“ еве ја вашата работа, во реалниот живот

Е ДО ТОЛКУ СЕ ВО ОЧАЈ: Германците бараат работници - ако играте „Minecraft“ еве ја вашата работа, во реалниот живот

ИЗЛЕЗЕ АМЕРИКАНСКАТА „ЦРНА“ ЛИСТА ЗА ИЗВОЗ: Казнети се повеќе од од 50 компании

ИЗЛЕЗЕ АМЕРИКАНСКАТА „ЦРНА“ ЛИСТА ЗА ИЗВОЗ: Казнети се повеќе од од 50 компании

ЕУ НЕМА ДА ГИ УКИНЕ САНКЦИИТЕ: Бараат руската војска да ја напушти целата територија на Украина

ЕУ НЕМА ДА ГИ УКИНЕ САНКЦИИТЕ: Бараат руската војска да ја напушти целата територија на Украина