Годинава Мечкин Камен ќе осамне без Талат Џафери, кој ќе биде негова замена?

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2018 10:38
Оваа година празнувањето на националниот празник 2 Август - Илинден во Крушево ќе осамне без присуството на собранискиот спикер Талат Џафери, кој минатата година како новоизгласан претседател на Собранието на РМ држеше говор пред присутните во Мечкин Камен.
Џафери беше главен говорник и го читаше Крушевскиот манифест. Оваа година него треба да го менува претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, кој лани го чествуваше празникот во Скопје.
За Денот на Републиката, 2 Август Илинден кој е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, Џафери ќе биде во Скопје,
Премиерот Зоран Заев за празникот ќе присуствува во Пелинце, што значи втора година по ред откако е премиер нема да присуствува во Крушево, откако лани прослави во Скопје.
На Пелинце лани беше вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Можеби ќе ве интересира
„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин
Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ВАКВИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПРИЛИКИ: Станува збор за плитка фронтална долина
