30 Август, 2024
0.0270

„Годинава се запленети 104 парчиња оружје, 9 автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки“: Тошковски за нелегалното оружје во земајва

Објавено во: Македонија 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за дневникот на МРТ запрашан за присуството на нелегално оружје по улиците на Скопје и државата, истакна дека полицијата е силно посветена за справување со овој проблем.

- Во текот само на 2024 година се запленети 104 парчиња оружје од страна на МВР, од кои девет автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки итн. Криминал имало, има и ќе има. Прашањето е како безбедносните служби, како МВР ќе одговори на тој криминал. Дали ќе биде соучесник како претходно многу пати или ќе одговори соодветно и ќе даде максимум од себе и за два часа ќе ги уапси сторителите кои што го сториле убиството како примерот кај трговскиот центар Мавровка - истакна министерот Тошковски.

Прашан дали може да се иницира акција за предавање на нелегалното оружје и да се засилат мерките за негово поседување, кој треба да го има а кој не, Тошковски потенцираше дека мора да се работи и дефинира кој се може да поседува оружје во нашата држава.

- Веќе работиме интензивно во насока на откривање како досега од страна на МВР се издавале дозволи за поседување на оружје. Секој еден граѓанин кој побарал дозвола, посебно ловџиите знаат дека се злоупотребувале овластувањата кои што ги дава законодавецот и интензивно работиме на утврдување како е дозволувано привилегирање на лице за добивање дозволи, да издаваат дозволи на лица кои што согласно закон не би смеело да им се издава. Ќе истражиме и ќе преземеме соодветни чекори. Над 5000 луѓе не можеле да се стекнат со дозволи иако ги исполнувале условите, а одреден број на луѓе кои никако не би смееле се стекнале со право на поседување оружје. Во иднина ќе утврдиме јасна и прецизна процедура како да се стекнат со оружје исклучиво граѓаните кои ги исполнуваат сите законски услови за тоа - дециден е министерот Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

„Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

„Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

МУВЛА, ДУПНАТИ ТАВАНИ, РАЗРУШЕНИ ЅИДОВИ - матичната служба во Ѓорче Петров во очајна состојба (ВИДЕО)

МУВЛА, ДУПНАТИ ТАВАНИ, РАЗРУШЕНИ ЅИДОВИ - матичната служба во Ѓорче Петров во очајна состојба (ВИДЕО)

ПОЗНАТ МОДЕН БРЕНД ЗАТВАРА 40 ПРОДАВНИЦИ! Речиси 300 работници наскоро ќе завршат на улица

ПОЗНАТ МОДЕН БРЕНД ЗАТВАРА 40 ПРОДАВНИЦИ! Речиси 300 работници наскоро ќе завршат на улица

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека

ЧИТАЊЕ НА КНИГИ: Психолoг објаснува зошто оваа навика е добра за менталното здравје

ЧИТАЊЕ НА КНИГИ: Психолoг објаснува зошто оваа навика е добра за менталното здравје

ЗОШТО ВОРЕН БАФЕТ ПРОДАДЕ АКЦИИ „ТЕШКИ“ 982 МИЛИОНИ - се појави чуден совет за инвеститорите

ЗОШТО ВОРЕН БАФЕТ ПРОДАДЕ АКЦИИ „ТЕШКИ“ 982 МИЛИОНИ - се појави чуден совет за инвеститорите

„Следно е потпишување договор за соработка меѓу министерот и чуварот Перо“: Најчевска без „влакна на јазикот“

„Следно е потпишување договор за соработка меѓу министерот и чуварот Перо“: Најчевска без „влакна на јазикот“

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели