30 Август, 2024
0.0238

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ЈА ПОКРИЕ МИНИМАЛНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА - во Србија се постигна договор таа да биде 53.592 динари месечно

Објавено во: Економија 28 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Милош Вучевиќ денеска изјави дека е постигнат договор минималната плата да изнесува 13,7 отсто, т.е. 308 динари на час (53.592 динари месечно).

Тоа значи дека минималната плата ќе изнесува 53.592 динари месечно.

- Со гордост можам да ја информирам јавноста дека по шест години постигнавме договор за тоа колкава ќе биде минималната плата. По шест години Владата нема еднострано да донесе одлука. Зголемувањето на минималната плата изнесува 13,7 отсто, 308 динари на час, 53.592 динари месечно. Минималната плата во 2025 година ја покрива минималната потрошувачка кошничка, тоа се случува за прв пат. Повторно двоцифрен пораст - изјави Вучевиќ по седницата на Социјално-економскиот совет.

Министерот за финансии Синиша Мали вели дека е горд што постигнале договор со консензус.

- Направивме одлична работа. Ова исто така ќе има големо влијание врз преговорите во наредните години. За следната година ќе ја зголемиме минималната плата за 13,7 отсто, вредноста на работниот час ќе се искачи на 308 динари, минималната плата ќе биде 457 евра, 53.592 динари. Тука сме целосно динамични. Со ова темпо до крајот на 2027 година ќе имаме минимална плата од 670 евра. Преку ова ниво на минимална плата ќе го покриеме и нивото на минималната потрошувачка кошничка. Таа цел ја исполнивме - вели Мали.

Да потсетиме, српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот изјави дека негово барање до Владата е минималната плата да се подигне на речиси 14 отсто, за првпат минималната плата да ја покрие минималната потрошувачка кошничка.

Преговорите за минималната плата за 2025 година почнаа на 15 август.

Фото: Влада на Србија

Можеби ќе ве интересира

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ - треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ - треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори

ЗА ПРАЗНИ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ: Хрватска воведува нова давачка

ЗА ПРАЗНИ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ: Хрватска воведува нова давачка

ВО ДВЕ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ: Цените на многу производи се намалуваат

ВО ДВЕ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ: Цените на многу производи се намалуваат

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Инфлацијата ќе се намали

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Инфлацијата ќе се намали

Николоски: Нема пари за автопатот кон Блаце, го направиле да чини 240 милиони евра

Николоски: Нема пари за автопатот кон Блаце, го направиле да чини 240 милиони евра

КОЈ ЌЕ ПОДЕЛИ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ФОРМА НА ДИВИДЕНДА ЗА ЛАНИ - ОИЛКО со добра вест за своите акционери

КОЈ ЌЕ ПОДЕЛИ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ФОРМА НА ДИВИДЕНДА ЗА ЛАНИ - ОИЛКО со добра вест за своите акционери