30 Август, 2024
0.0256

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ - треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

Објавено во: Економија 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Во Хрватска ќе има голема зделка, во која „Подравка“ ќе купува неколку компании, ама информацијата дојде и до земјава, и тоа преку барањето неа да ја разгледа и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата.

Имено, до нашата Комисија стигнало известување за концентрација, од која може да се види дека ПОДРАВКА АГРИ д.о.о., Хрватска, стекнува самостојна контрола над друштвата БЕЉЕ плус, ПИК-ВИНКОВЦИ плус, ВУПИК, Енергија Градец, БЕЉЕ АГРО-ВЕТ плус, како и ФЕЛИКС плус, сите друштва со ограничена одговорност и сите од Хрватска.

Ова известување стигнало пред неколку дена до Комисијата за заштита на конкуренцијата, и во него се објаснува какви активности имаат учесниците во зделката, но и како се тие поврзани со земјава, и зошто мислење треба да даде нашата Комисија.

ПОДРАВКА АГРИ д.о.о. е со примарна дејност управувачки активности на холдинг друштвата и е во целосна сопственост на Подравка д.д. Примарна дејност, пак, на Подравка д.д. е производство на преработена храна и фармацевтски производи.

А, како што е познато, и како што нагласуваат од самата КЗК, во земјава Подравка има едно регистрирано директно зависно друштво, и тоа Друштвото за трговија и услуги ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец, кое е е регистрирано во индустриската зона Ќојлија во Петровец.

Како што објаснуваат од Комисијата, регистрираната дејност на ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец е неспецијализирана трговија на големо со храна, пијалаци и тутун.

Исто така, во земјава Подравка има и едно регистрирано индиректно зависно друштво, и тоа друштвото за трговија и услуги БЕЛУПО ДООЕЛ Скопје, чие регистрирано седиште е на Булевар 3-та Македонска бригада во Скопје. Регистрираната дејност на БЕЛУПО ДООЕЛ Скопје е трговија на големо со фармацевтски производи.

Е сега малку за хрватските друштва кои ќе ги презема хрватската Подравка.

БЕЉЕ плус д.о.о. е друштво регистрирано за одгледување на житарки (освен ориз), мешунки и маслодајни семиња. Друштвото исто така е активно и во сточарството, вклучително и одгледување свињи и говеда, полјоделство, одгледување на посеви, одгледување домати во стаклени градини, лозарство и производство на вино. ПИК-ВИНКОВЦИ плус д.о.о. е друштво чии главни активности се полјоделство, одгледување и складирање зеленчук, како и сточарство, вклучително и одгледување свињи и говеда. Главните активности на ВУПИК плус д.о.о. вклучуваат свињарство, земјоделство и градинарство, сточарство, лозарство и производство на вино. Како дел од Вупик, постои и претоварно пристаниште кое работи на две локации: силос Дунав Вуковар и силос Бобота. Основната дејност на Енергија Градец д.о.о. е производство на електрична енергија од обновливи извори, односно истата произведува електрична енергија од биогас преку 5 постројки за биогас во Република Хрватска. Регистрираната дејност на друштвото е Трговија со електрична енергија. Основната дејност на БЕЉЕ АГРО-ВЕТ плус д.о.о. е давање ветеринарно-медицински услуги, вршење стручен надзор и давање стручни совети. ФЕЛИКС плус д.о.о. е со регистрираната дејност Трговија на големо со житарки, суров тутун, семиња и добиточна храна. Друштвото се занимава и со обработливо земјоделство и управува со земјоделско земјиште

Како што објаснуваат од Комисијата, ниту едно од овие набројани целни друштва нема регистрирани зависни друштва или подружници во земјава.

„Подносителот смета дека релевантниот пазар на производи може да се дефинира како пазар за производство и снабдување со намази од сирење. По однос на географскиот опсег на пазарот за предметната концентрација, Подносителот предлага дефиницијата на пазарот да биде територијата на Република Северна Македонија. Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата“, се вели во објавата од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Фото: Принтскрин

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

ОД 5 СЕПТЕМВРИ НЕКОИ ВОЗАЧИ ВО СРБИЈА ЌЕ ПЛАЌААТ ПАТАРИНИ ПО ЗНАЧАЈНО ПОНИСКИ ЦЕНИ - одлични вести за сите оние кои ги имаат овие возила

ОД 5 СЕПТЕМВРИ НЕКОИ ВОЗАЧИ ВО СРБИЈА ЌЕ ПЛАЌААТ ПАТАРИНИ ПО ЗНАЧАЈНО ПОНИСКИ ЦЕНИ - одлични вести за сите оние кои ги имаат овие возила

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори

ЗА ПРАЗНИ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ: Хрватска воведува нова давачка

ЗА ПРАЗНИ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ: Хрватска воведува нова давачка

ВО ДВЕ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ: Цените на многу производи се намалуваат

ВО ДВЕ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ: Цените на многу производи се намалуваат