Големата метла во ЕСМ! Кој ќе ја води најголемата државна фирма во Македонија?

Објавено во: Економија 15 Август, 2024 13:10
По поминати два месеци од избор на новата влада до назначување на Надзорен одбор уште нема предлог за нов генерален директор на на ЕСМ. Кој ќе седне на жешкото столче во компанијата која бившата влада ја остави со долг од над 200 милиони евра? Уште не се знае, но од кулоарите лицитираат со името на Зоран Коњановски, битолчанец со искуство во енергетиката и кадар на најголемата партија во власта
Државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) доби нов надзорен одбор, дури два месеци откако почна да функционира новата односно сега веќе актуелната Влада. Но засега уште нема официјална најава за нов генерален директор на најголемата државна компанија.
Хронолошки гледано, во последите петнаесетина години од плурализмот, овие два месеци се најдолг период по промена на власт, да не е избран нов управен одбор и генерален директор на ЕСМ.
Официјално, вчера на Македонската берза за хартии од вредност, согласно Законот за трговски друштва беше објавен и официјален допис за новиот Надзорен одбор на ЕСМ. Од тоа што на прва паѓа во очи се гледа дека меѓу новите членови има по двајца професори на скопскиот Машински факултет, еден вработен во ЕСМ и двајца вработени во МЕПСО втората државна компанија од областа на електроенергетиката.
Професори на Машинскиот факултет се Маја Аначкова, доцент и Стевче Антовски кој исто така во јавност е познат и како член на партиската комисија за енергетика на ВМРО-ДПНМЕ и остар критичар на претходната власт во делот на енергетските политики.
Праксата и сега се повторува и гледано од аспект на тоа дека и порано се случувало во надзорен одбор кај (поголемиот брат н.з.) ЕСМ да има претставници од (помалиот брат н.з.) МЕПСО.
Во овој мандат тие ќе бидат Александар Мурговски, електроинженер, кој долги години наназад работи во трансформаторските станици на МЕПСО во регионот на Битола и Леко Ристовски кој работи во дирекцијата на МЕПСО, а има долгогодишно искуство во енергетиката уште од периодот на Електростопанство на Македонија.
Иван Кукоски е вработен во хидросистемот на ЕСМ, инженер со долгогодишно искуство кој и порано бил дел од менаџментот на оваа компанија во периодите кога на власт била ВМРО – ДПМНЕ.
За членовите на Надзорниот одбор Јетмир Идризи и Ерхан Рамадан не успеавме да обезбедиме податоци за нивно искуство во електроенергетиката. Тие се именувани на местата во Надзорниот одбор на предлог на партиската коалиција „Влен“ односно „Вреди“.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници
Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра
