Големо невреме се движи кон Македонија и можни се поплави
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2022 20:21
Метеорологот Славчо Попоски вели дека во следните часови, како и за време на викендот ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во недела ќе биде најтопло, и во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат близу 40 степени.
„Под влијание на нова циклонска активност од запад и југозапад, во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде особено нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат доста интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд кој за кратко време ќе услови поголемо количество на воден талог (можни локални поплавувања), силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и од поголем пречник. Температурите во текот на следната седмица ќе бележат тенденција на постепено опаѓање“, вели Попоски.
Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празнења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




