Големо отворање на реновираниот дел за брза храна во Рамстор Мол
Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2015 10:52
Од среда (25.02) посетителите на Рамстор Мол ќе може да уживаат во проширениот и целосно обновен дел за брза храна во трговскиот центар. Во изминатите три месеци интензивно се работеше на реновирање на овој дел од трговскиот кој покрај обновениот изглед ќе понуди и нови светски брендови за храна. Новиот дел за брза храна е граден според најмодерни архитектонски изведби кои на посетителот ќе му понудат пријатна, современа и релаксирана атмосфера.
Со официјалното отворање на овој реновиран дел, ќе започне и гурманскиот месец во трговскиот центар под слоганот: Ајде да јадеме заедно. Од среда па се до средината на месец март, Рамстор Мол подготви богата програма за своите верни посетители кои покрај уживањето во новиот фаст фуд дел, вкусната храна ќе може да поминат и пријатни мигови музичко мени но и да освојат голем број на подароци.
Покрај проширувањето на делот за храна во трговскиот центар целосно е обновено и осветлувањето, подобрена е и флуктуацијата и амбиентот во целиот објект. Како што најавуваат од менаџментот на Рамстор Мол наскоро не очекува и отворање на продавници на неколку нови брендови.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави





