Град Скопје смета дека доволно е украсено предновогодишно
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2024
Град Скопје смета дека главниот град е украсен предновогодишно. Ова го тврди преку демант на критички текст објавен на порталот МКД.мк, а за кој се бара демант и јавно извинување ополномоштениот адвокат Трајче Арсов.
Во дел од демантот се вели дека „оваа година Град Скопје е меѓу првите градови во Македонија кој започна со предновогодишно украсување и тоа може да се види на лице место, за разлика од останатите градови споредени во текстот, како Битола, Охрид и Струга кои имаат најавено дека ќе украсуваат, но сѐ уште немаат почнато со украсување“.
Од таму сепак и натаму нема одговор дали ќе има организирана прослава за дочек на Нова Година.