Град Скопје со помош за поплавените подрачја
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2015
Две цистерни за влечење на вода од ЈП “Водовод и канализација”, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување на вода се дел од опремата која Град Скопје ги испрати во Охрид и околината по обилните врнежи кои ја погодија земјава.
Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е екипа пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број на лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија.
Состојбата на терен останува следена и понатака од надлежните и доколку е потребно ќе биде испратена доплонителна помош.