17 Декември, 2025
0.0526

ГРАДЕНА СО ВЕКОВИ, СПАСЕНА ОД ГОЛЕМ ПОЖАР: Конструкцијата на Нотр Дам сепак зачувана

Објавено во: Свет 16 Април, 2019 06:50

Добивај вести на Viber

Париската катедрала Нотр Дам која во текот на вчерашниот ден ја зафати голем пожар, при што се урна врвот на тоа монументално издание, се смета за еден од најдобрите примери на француската готска архитектура. Благодарение на пожарникарите таа е спасена од целосно уништување.

Нејзината градба почнала во 1160 година а поголем дел е завршен точно сто години подоцна. Самата црква има импознати пропорции, посебно за времето во кое е градена, - долга е 128 метри, широк 48 метри, а нејзините кули се високи 69 метри.

Катедралата е позната по низата украсни делови но најмногу по насликаните прозорци. Таа поминала низ низа промени во текот на својата историја, а голема штета претрпела во текот на Француската резолуција кога значаен број религиски слики и скулптури во неа биле уништени или значајно оштетени.

Во текот на ослободувањето на Париз од нацистите катедралата претрпела помала штета од куршумите кои завршиле во нејзината фасада. Меѓутоа, никогаш во историјата Нотр Дам не претрпела значајно оштетување како овој пожар. Катедралата огнот ја оштети за само два часа.

Во средината на 19 век направена е првата голема реставрација на катедралата која траела цели 25 години, а во 20 век следеле уште две големи обновувања.

Меѓутоа, црковните претставници предупредувале дека катедралата, која годишно ја посетуваат околу 12 милиони луѓе, повеќе од Ајфеловата кула, има потреба од уште една детална обнова.

Заменик градоначалникот  Емануел Грегоар рекол за BFMTV дека специјални екипи се обидуваат да ги спасат уметничките и другите делови од непроценлива вредност кои се наоѓаат во катедралата.

Оваа 850 години стара градба која е еден од симболите на Париз, според наводи на светските медиуми во 2018 година ја посетиле повеќе од 13 милиони луѓе.


Foto: Printscreen Twitter


Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави