19 Декември, 2025
0.0928

Градоначалникот на Берово бара помош од населението за гасење на пожарот во Готен

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2025 09:37

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски синоќа по одржаниот кризен штаб го повикува месното население и општествено одговорните компании да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен.

Тој во изјава за МИА вели дека три дена во планината се пожарникарите и вработени во ЈП „Национални шуми“, кои веќе се истоштени од битката со огнените јазици.

Посочува дека синоќа се организираат доброволци од Општина Берово, како и општествено одговорни компании денеска наутро да заминат на планината Готен, со цел да не се дозволи ширење на пожарот кон селата Владимирово, Мачево и Русиново.

Во апелот на Општина Берово, кој е објавен синоќа се вели поради сериозноста на пожарот кој го зафати подрачјето на  општината, согласно заклучоците од вечерешниот состанок на Кризниот штаб, се упатува апел до сите граѓани на Општина Берово, кои се во можност, доброволно да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот.

-Ве повикуваме утре, 26.07.2025 година (сабота), во 5.00 часот, масовно да се собереме пред зградата на Шумското стопанство Берово и да се вклучиме во акцијата за спречување на пожарот. Со себе задолжително понесете: мотика или гребло, вода за пиење, храна за себе, за текот на денот. Вашата солидарност, ангажираност и храброст, во овие тешки моменти, се од непроценливо значење, за заштита на шумите, животната средина и безбедноста на сите нас, се вели во соопштението од Кризниот штаб на Општина Берово.

Инаку пожарот на планината Готен е активен веќе девети ден и се простира на територија на општините Василево, Радовиш и Берово. Во гаснењето вклучени се пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, месното население, специјализирани возила, како и ер тракторите и хеликоптери. 





Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило