ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО, „ИЗГОРЕ ДЕЛ ОД ЗИМЗЕЛЕНАТА ГОЦЕВА ШУМА“: Прв голем пожар во Македонија
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2023
Гори
Гоцевата шума кај Неготино, потврди градоначалникот Горан Стојанов за
МИА. Во изјавата потенцира дека на терен интервенираат неготинските пожарникари,
а помош има и од пожарникарите од Кавадарци.
Градоначалникот изјави дека е на лице место, но засега не може да се каже кои се причините за пожарот. Тој појасни дека изгорел дел од зимзелената шума, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.