18 Декември, 2025
0.0559

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА, КОСТАДИНОВ, НАЈМНОГУ СЕ СРЕЌАВАЛ СО ГРАЃАНИТЕ - што друго покажа мониторингот на HBO

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 12:37

Добивај вести на Viber

Според мониторингот на „НВО Инфоцентарот“ во соработка со партнерските организации, а со поддршка на меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ во првиот квартал од годинава најмногу со граѓаните се среќавал градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Мониторнигот на „НВО Инфоцентарот“ е спроведен во Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце и Дебар за работењето на општините и Маврово – Ростуше во делот на транспарентноста на општините.

Добиените наоди од мониторингот покажале дека градоначалниците во првите четири месеци од годината се среќавале со граѓаните на општинте. Најмногу со граѓаните во првиот квартал од годината се среќавал градоначалникот на Општина Струмица.

Според добиените податоци граѓаните и граѓанските организации многу малку се заинтересирани да присуствуваат на седниците на советите на општините. На пример, во општина Струмица и општина Маврово и Ростуше на седниците на советот на општината не присуствувал ниеден граѓанин. Во Свети Николе, пак, граѓани присуствувале само на една седница, на која се расправало за дислокација на депонија.

Секоја општина има различен број комисии. Во Општина Куманово нивниот број е 14.

Во Општина Теарце има Комисија за подароци и благодарност, а во Маврово – Ростуше има комисија за унапредување на правата на пациентите.

Во однос на родовиот баланс, во советите на општините Крива Паланка, Куманово и Свети Николе процентот на жени е над 40 отсто. Жени ги предводат советите во четири од седум општини.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери