17 Декември, 2025
0.0607

ГРАФИКА: Швајцарците се најсреќен народ, а знаете ли каде сме ние!?

Објавено во: Свет 25 Април, 2015 08:58

Добивај вести на Viber

Во Швајцарија живеат најсреќните луѓе во светот, покажува најновото истражување за 2014 година. Во годишниот извештај World Happiness, кој ја мери среќата и благосостојбата во 158 држави, централноевропската земја е проследена од Исланд, Данска, Норвешка и Канада. izvestaj sreka Истражувањето, спроведено од Sustainable Development Solutions Network (SDSN), покажува дека најмногу несреќните луѓе живеат во Того, Бурунди, Сирија, Бенин и Руанда. "Овој извештај дава докази за тоа како да се постигне општествена благосостојба. Не станува збор само за пари, туку и за правда, чесност, доверба и добро здравје", забележува Џефри Сакс, директор на Институтот за Земјата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде беше претставен извештајот. Студијата, која за прв пат беше претставена во 2012 година, ги смета факторите како здравиот животен век, присуството на системи за социјална поддршка, слободата на вршење на избор и бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител. sreka 1 За прв пат истражувачите се пофалија дека располагаат и со податоци по пол, возраст и региони. Тие утврдиле дека просечните проценки на жените за среќата им биле малку повисоки од оние на мажите, и дека младите луѓе во светот се посреќни отколку постарите луѓе. Девет од првите десет земји оваа година беа на врвот и во претходното истражување. Во 2013 година Данска го заземаше првото место. Промените во тоа како луѓето го ценат својот живот од 2005 година укажуваат на влијанието на светската финансиска криза врз националната среќа. Грција на пример, која беше силно погодена од економската рецесија, забележа значителен пад во среќата на својот народ. Обележан со политички и граѓански немири Египет исто така забележа пад на среќата. Италија, пак, постепено пропадна дури до број 50 во рангирањето. sreka 3 "Од 125 држави со достапни податоци имало 53 земји со значителни подобрувања, 41 со значително влошување и 36 без значајна промена", се вели во извештајот. Македонија годинава се најде на 93 место на ова рангирање според среќата на народот кој живее во земјата. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави