Добивај вести на Viber
Градот Скопје почнува со прскање на улиците со средството калциум магнезиум ацетат, што е една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Прскањето ќе се спроведе на булеварот Свети Климент Охридски со улицата Свети Кирил и Методиј (пред зградата на поранешната НИП „Нова Македонија) и улицата Јордан Мијалков.
Сепак, најалармантно е во Скопје и Тетово.
„Не се дише, срамота е ова, мисли ли некој на нашите деца, па мајка му стара, ние се гушиме, ама ни политичарите нема да се спасат“, вели за Фактор жител на Аеродром.
“Умираме на рати, а на политичарите им е само важно да се на власт„, вели друг жител.
Слично размислуваат и во Тетово.
Од Градот пак велат дека искуствата од европските градови каде што се користи ова средство со кое ќе се мачкаат улиците покажале дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти.
Според Независниот истражувачки центар Нумбео кој го мери квалитетот на воздухот во 59 европски градови, Тетово и Скопје и натаму се први на листата на најзагадените градови во Европа.
Мириса на еколошка катастрофа во Лисиче и Тетово: Што ќе помогне прскањето?