17 Декември, 2025
0.0474

Граѓани едвај преживуваат, а извршителите и понатаму извршуваат

Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 11:01

Добивај вести на Viber

Се бараат измени на законите за извршување и за облигациони односи заради поголема заштита на граѓаните должници со ограничување на висината на законската казнена камата што ја плаќа должникот, пишува Независен.

Ова е една од мерките што на парламентот ќе му ги предложи Комисијата за политички систем, како спроведување на препораките на народниот правобранител во чиј извештај за состојбата со човековите права во 2017 година е наведено дека голем дел од граѓанските претставки се однесуваат на постапките на извршување.

Извештајот на омбудсманот беше презентиран вчера во матичната собраниска комисија, при што заменичката на народниот правобранител, Васка Мустафовска, посочи дека минатата година не е забележано подобрување во работата на извршителите.

„Има ситуации во кои граѓаните се буквално оставени без леб и без основни средства за егзистенција“, рече Мустафовска.

Собраниската комисија за политички систем предлага исто така во постапката за извршување да не се преземаат мерки за присилна наплата на долгот без должникот да биде информиран уредно и навремено и пред извршителот да добие информација за основата на примања што ги остварува граѓанинот. Исто така, според пратениците, треба да се интервенира во Законот за извршување, така што средствата од субвенции за поддршка на земјоделството и сточарството да не бидат предмет на извршување.

Од канцеларијата на народниот правобранител нотирале многубројни грешки поради кои граѓаните страдале.

Омбудсманот забележува дека популистичките и неприменливите правни прописи дополнително го отежнуваат остварувањето на правата на граѓаните.

За да се надминат сите овие слабости, народниот правобранител препорачува: да не се применуваат мерките за присилна наплата на долгот, како што е блокирање на трансакциските сметки, сѐ додека извршителот не добие информација за основот на примања кои ги остварува должникот; да се води сметка и за егзистенцијата на должникот и неговото семејство; да се направат квалитетни измени на Законот за извршување кои ќе бидат во интерес на граѓаните, а во насока на надминување на проблемот со превисоките трошоци за извршување и за камата на долгот.

Можеби ќе ве интересира

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме