Граѓаните чекаат добри услуги, болниците заглавени во долгови: Кој колку должи
Објавено во: Економија 29 Август, 2018
Загрижувачки 51 милион евра должат болниците во Македонија. Толку пари се водат како достасани, а неплатени обврски на здравствените домови низ државата, државните клиники и болници. Сумата е со салдо на крај на третиот месец, а понови податоци нема. Ако се споредуваат на месечно ниво, оваа година или во тие три месеци долговите се намалиле. Сепак долговите на државните болници се уште се голем проблем и за државниот Фонод за здравствено осигурување (ФЗОМ), но и за самите болници. Откако ќе платат неколку сметки, за наплата стасуваат нови, па наместо да се води грижа за здравјето на граѓаните, главна главоболка се извршните блокади. Долговите на јавните здравствени установи се двојно зголемени во последните неколку години – клучни се обврските кон медицинските добавувачи за лекови и за материјали. Некои од нив стојат ненаплатени со месеци – во истовреме граѓаните ем плаќаат придонеси, ем партиципации – за прегледи и за лековите.
Секоја со милионски долгови
Анализа на податоците од ФЗОМ покажува дека до март најголем должник е Институтот за трансфузиона медицина – должи близу четири милиони евра. Втор најголем должник е Градската општа болница 8 септември со долг од вкупно 3,9 милиони евра. Следува Клиника по хируршки болници Свети Наум Охрдиски од Скопје чиј долг на крај на март бил три милиони евра.
Општата болница од Куманово има неплатени, а достасани обвски во вкупна вредност од 2,5 милиони евра, додека општата болница во Охрид должи 2,5 милиони евра.
Инаку според податоци од ФЗОМ ако се анализираат вкупните обврски на болниците, не само тие кои се достасани, сумата е доста поголема. Или на крај на март вкупните обврски на околу 110 јавни здравствени установи со кои Фондот има договор изнесуваат 72,5 милиони евра. Најголеми се обврските кон добавувачите на лекови и друг медицински материјал, но должат и за инвестиции, договорни услуги и кон други јавни здравствени установи.
Фондот за здравствено осигурување склучува договори со болници секоја година и во тие договори прецизно се утврдени сумата што им е потребна, начинот на плаќање на услугите. Годишно се склучуваат договори со над 100 здравствени установи.
Приходите на сите нив во најголем дел се пари од Фондот или ако се анализира структурата на приходи – околу 87 проценти од сите приходи на болниците се од Фондот кој пак нели е купувач на услугите за граѓаните кои го платиле осигурувањето.
Најголеми трошоци за плати
Структурата на расходите покажува дека најголем дел од овие пари се трошат на плати за вработените односно за докторите. По години сумата која се одвојува за плати е практично над половина од вкупниот буџет на секоја болница поединечно. Она што е проблем овде, а се покажа дека е навистина голем проблем е што и покрај тоа што значаен дел од трошците се за плати, тие се доста мали – па докторите во земјава се незадоволни од работата и заминуваат во приватни клиники или ја напуштаат земјата и работат во странство.
Втората ставка за која се издвојуваат околу 29 проценти е ставката за материјали и за ситен инвентар.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.