Граѓаните на Струга се запознаа со новите мерки за вработување
Објавено во: Економија 17 Септември, 2013 15:06
Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Струга го презентираа Оперативниот план за активните мерки и програми за вработување за оваа година.
Струшките работодавачи на денешниот форум имаа можност да се запознаат со предвидените услови и мерки. Меѓу активните мерки, како што беше појаснето, се и оние што се однесуваат на Програми за самовработување, за подготовка за вработување, субвенционирање на деца без родители, како и субвенции за вработување инвалидни лица.
Според Анита Гаго проект менаџер во „Порака нова“, сите досегашни искуства што ги има оваа организација со Законот за вработување на инвалидни лица, може да се каже дека мерките се многу позитивни.
- Има голем број лица со посебни потреби што веќе ги имаме вработено. Последните два месеци имаме трајно вработување за едно и привремено вработување на две лица со посебни потреби. Со заштитните друштва кои вработуваат лица со посебни потреби, соработката ни е на високо ниво. Имаме организирано заеднички обуки и проекти на кои тие ги претставуваат своите работни места за лицата со посебни потреби. Соработката со овие друштва е континуирана, додаде Гаго.
Занаетчиите од Струга сметаат дека и занаетчиството треба да биде опфатено со субвенционирање за да може да опстане.
- Занаетчиите не можат сами да ги поднесат трошоците, мора некако да се помага. Како сега што се дава на земјоделци и на други структури, така треба и на некои занаети да им се даде за да опстанат со работата, а воедно да се придобие и некој од младите за да го продолжат занаетот, вели единствениот занаетчија во струшката чаршија, Јоне Кленко.
Целта на форумите што ги организираат Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центрите за вработување и Националниот совет за претрпиемништво и конкурентност во соработка со единиците на локалната заедница, е зајакнување на соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




