Граѓаните трпат, возовите никако да тргнат, надлежните глуви!
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017
Возовите никако да тргнат .
Сообраќајот веќе пет дена е закочен, граѓаните трпат а надлежните се прават глуви на барањата на вработените кои штрајкуваат поради заостанатите плати.
Вработените во Македонски железници Транспорт пет дена штрајкуваат и се жалат на лошите услови за работа и лошото менаџирање на раководството .
Организаторите на штрајкот потенцираат дека се додека не им се исплатат целосно сите заостанати плати нема да го одглават сообраќајот на товарните и патнички возови.
За синдикатите и организаторите е неприфатлив предлогот на „Македонски железници - Транспорт“ кои им соопштиле дека до крајот на овој месец ќе најдат начин како да го исплатат првиот дел од јануарската плата, а вториот дел од 10 март.
Министерството за транспорт и врски пак потенцира дека за 2017 година од буџетот на Република Македонија се издвоени 380 милиони денари за Јавното претпријатие „Македонски железници“ и дека ресорното министерство во рамки на своите законски можности ќе стори сѐ за да се реши оваа состојба во претпријатието.