10 Декември, 2025
0.0316

„Гранит“ направи чудо

Објавено во: Економија 04 Септември, 2019 07:33

Добивај вести на Viber

„Гранит“  го регистрираше нај успешното полугодие во последните  неколку години. Остварените финансисики резултати  покажуваат дека се работи за резултат на деценијата за најголемата градежна компанија. Приходите на домашен пазар пораснаа за 33 отсто, оперативната добивка е 13 пати повисока од лани, а нето добивката е речиси 2 милиони евра. Тоа што е нај впечативо од билансот на состојба е што Гранит од ова полугодие е компанија без кредити, што само зборува за нејзиниот  ликвидносен потенцијал .

Ренген сликата на  „Гранит“ покажува дека и понатаму ова компанија останува доминантно ориентирана  на домашниот пазар, добивката лани беше позитивна нула за споредба со сегашниот резултат, профитната маржа е 4 отсто (оперативна добивка наспрема приходите), трошоците за вработените во оваа изразена трудоинтензивна дејност се пониски за 17 отсто во однос на лани, а во исто време повеќе од двојно пораснале трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци. Ова е најголема нето добивка на „Гранит“ од 2013 година до сега (според податоци од неконсолидиран неревидиран извештај н.з.)

Најголемата домашна градежна компанија ги зарадува своите многубројни акционери. „Гранит“ за половина година бележи раст на приходите за 37 отсто и тие изнесуваат 34,5 милиони евра. Приходите од продажба пораснале за 33 отсто и достигнале 31,6 милиони евра, а во тоа продажбата на домашен пазар учествува со повеќе од 95 отсто и изнесува 31,4 милиони евра. Во споредба со лани продажбата дома пораснала за 38 отсто. Странскиот пазар речиси и да не постои за „Гранит“ затоа што годинава се реализирани само 160.000 евра што е пад за 86 отсто во споредба со лани.  Можеби клучни за растот на добивката се останатите приходи кои изнесуваат 1,86 милиони евра и се за повеќе од два пати повисоки од истиот период лани.


Фактор пишуваше и за темава „Гранит“ ќе подели 422.000 евра награди, кои се добитниците?

Оперативните расходи на „Гранит“ за првото полугодие изнесуваат 33,2 милиони евра и во споредба со лани се повисоки за 32 отсто. Во нивната структура доминираат услугите со карактер на материјални трошоци кои изнесуваат 14,72 милиони евра и се за повеќе од двојно повисоки од истиот период лани. Истовремено со ова се случува чуден тренд во структурата на расходи, а особено ако се знае дека градежништвото е особено трудоинтензивна дејност. Имено трошоците за вработени за првите шест месеци се 5,8 милиони евра и се за 17 отсто пониски од лани и тоа во исто време кога приходите од продажба растат за 33 отсто. Значаен раст има и кај трошокот за амортизација кој е за 88 отсто повисок од истиот период лани и изнесува 2,36 милиони евра. Кога ќе се удри цртата оперативната добивка на „Гранит“ 1,33 милиони евра и е 13 пати повисока од ланската оперативна добивка. Таа е 4,2 отсто од приходите од продажба.

Значаен за истакнување е и позитивниот сооднос меѓу финансиските приходи и финансиските расходи на компанијата. Имено финансиските приходи се повисоки за 650.000 евра и тоа влијае врз добивката на компанијата. Токму заради нив нето добивката на компанијата на полугодие е 1,98 милиони евра и е 4 пати поголема од нето добивката на полугодие лани.

Кај обврските најважно е да се истакне дека тие се за 5 отсто пониски од лани и изнесуваат 75,5 милиони евра. „Гранит“ нема краткорочни кредити, а долгорочните кредитни обврски се помали од еден милиони евра што е за 80 отсто помалку од лани. Драстичнотот ослободување од обврските нормално го отвара просторот и за зголемување на дивидендата која оваа година изнесуваше 30 денари во бруто износ, посебно  што годинава  зголемувањето на дивидендите и кај одредени  акционерски друштва стана позитивен тренд.



Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

ИЛИ ВОДА ИЛИ ЦАРИНИ: Трамп има услов за Мексико

ИЛИ ВОДА ИЛИ ЦАРИНИ: Трамп има услов за Мексико

Колкава е инфлацијата во Македонија?

Колкава е инфлацијата во Македонија?

МАКЕДОНИЈА СЕПАК ЌЕ ПРАЌА ГОРИВО ВО СРБИЈА: Еве што вели почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија

МАКЕДОНИЈА СЕПАК ЌЕ ПРАЌА ГОРИВО ВО СРБИЈА: Еве што вели почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија

Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија

Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија

Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства

Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства