Грчки „Скај“ ги објави следните чекори од референдум, па уставна ревизија до ратификација
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2018 09:42
Дел од грчките медиуми, меѓу кои и телевизијата „Скај“, ги објавија чекорите до финализирање на договорот. Имено, откако ќе завршат преговорите на експертските тимови за техничките и правните прашања, ќе следува телефонски разговор на Заев и Ципрас, што според државната телевизија „ЕРТ“, би се остварил до четврток или петок.
Грчката телевизија „Скај“ објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни.
„Следниот телефонски разговор ќе биде клучна точка за да се одредат следните чекори. Во овој момент, двете страни ја разделуваат уставната ревизија, а ерга омнес е клучот“, велат нашите информации и ќе треба да видиме кога ќе се закаже средбата во Преспа, објави грчката телевизија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според „Скај“, по Преспа, каде што би се потпишал договорот, ќе следи процес што содржи неколку фази:
-Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонското Собрание на изгласување, но не со зголемено мнозинство.
-Откако договорот ќе добие зелено светло од македонските пратеници, -Грција со допис ќе го извести НАТО дека одобрува влез на Македонија во Северно–атлантската алијанса, но под услов да има уставна ревизија.
-На 28 и 29 јуни, на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално ќе му биде -доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со унијата.
-На 11 и 12 јули ќе следува официјална покана за влез во НАТО на Самитот во Брисел.
-Во септември или октомври, во Македонија ќе се одржи референдум за новото име.
-По референдумот, македонското Собрание со двотретинско мнозинство ќе треба да одобри уставна ревизија.
-Откако ќе се заврши со референдумот и ревизијата на Уставот во Македонија, договорот ќе стигне во грчкиот Парламент на ратификација.
Конкретното сценарио, со конкретните чекори до комплетен договор, освен телевизијата „Скај“, го објавија и други грчки медиуми, а слична беше и анализата на новинарот од државната „ЕРТ“.
Според грчките медиуми, решението ќе биде со име од трите предлози на Нимиц: „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




