ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ: Предлогот за „Република Илинденска Македонија“ веќе не постои
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2018 11:31
По завршените преговори кои траеја два дена во Њујорк, грчките медуми се преплавени со наслови од типот дека не „излегол бел чад од дводневните преговори“ .
Дописничката на МИА од Грција ги пренесува ставовите на дел од грчки медиуми а овој медиум пишува дека ново име не се нашло на преговарачката маса, туку се разговара врз основа на веќе доставениот пакет предлози од медијаторот Метју Нимиц.
„Ни денес не излезе бел чад од преговорите во Њујорк, бидејќи двајцата министри ги завршија двете средби без да стигнат до ново име, објави телевизијата „Скај“ и повикувајќи се на извори блиски до преговорите, додава дека во овој момент на маса се сите четири имиња од предлогот на Нимиц, а „Скопје е повикано да го направи крајниот избор, додека пак за Грција црвена линија е ерга омнес“.
- Се чини дека двете страни се решени да исцрпат секаква можност за да постои решение, коментира новинарот од грчката државната телевизија „ЕРТ“ и додава дека доколку се направи напредок кон решение, тогаш двајцата премиери ќе се сретнат на средината на јуни во Преспа за да го потпишат договорот, но ваква средба ќе има само доколку постои решение.
Искусниот новинар од „ЕРТ“ вели дека секоја промена околу името што се прави на преговарачката маса, „значи и менување на целата рамка на разговори што се однесува на кратенките, на националноста, како ќе се ратификува ега омнес, дали ќе може да помине во Уставот и сл“, пренесе МИА.
Предлогот за „Република Илинденска Македонија“ веќе не постои, додека клучната точка останува на кој точно начин или временски рок ќе биде имплементацијата на клаузулата ерга омнес за користењето на новото име во внатрешноста на ПЈРМ, но и во меѓународните односи, пишувало електронското издание на „То вима“.
Извор: МИА
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




