17 Декември, 2025
0.0381

Грција даде дозвола, Македонија се зачлени

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018 17:51

Добивај вести на Viber

Република Македонија и формално стана полноправна членка на Јадранско – јонската иницијатива на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на оваа иницијатива што се одржа денеска во Катања, Сицилија, откако Грција го одобри истото по низата поволни чекори што ги направи македонската влада за да ги подобри односите со јужниот сосед.

Министерството за надворешни работи правеше повеќегодишни напори Република Македонија да стане членка на оваа унија на регионална соработка, но Грција преку своето влијание го блокираше приемот.

Делегација од македонското МНР предводена од Државниот секретар Виктор Димовски, учествуваше на состанок на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, во улога на земја претседавач на Јадранско-Јонската иницијатива.

– Поаѓајќи од овие определби новата влада, паралелно со крупните реформски чекори на внатрешен план, презеде интензивни активности за унапредување на односите и соработката со земјите од непосредното соседство, но и во пошироки регионални рамки. Со членството во Јадранско-Јонската иницијатива, Република Македонија ќе може заедно со останатите земји членки да го даде својот придонес во градењето солидни основи за процесот на европска интеграција, преку активниот придонес во приоритетните области во рамките на оваа иницијатива, како транспортот, туризмот, културата и животната средина, истака Димовски, се наведува во соопштението.

Јадранско-Јонската иницијатива е оформена во 2000 година со цел да го подобри развојот и зајакне безбедноста на земјите во регионот, да ја зајакне соработката помеѓу земјите-членки и да им даде поттик во процесот на интеграција со ЕУ. Во неа членуваат Италија, Грција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија, а од денека и Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски