Грција ја отвора вратата на Северна Македонија во НАТО
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2019
Грција, симболично, до 8 февруари ќе го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, велат извори блиски до Еуроактив.
Портпаролот на НАТО на 28 јануари, најави дека протоколот за пристапување на Северна Македонија ќе им биде испратен на државите членки на НАТО во наредните денови, откако Атина и Скопје го ратификуваа историскиот, Преспански договор, кој става крај на 27 годишниот спор околу уставното име на државата, а со кој е оневозможувано пристапување на македнската држава во НАТО и ЕУ.
„Тоа практично значи дека Северна Македонија би можела да стане членка на НАТО на јулскиот самит на НАТО, доколку останатите држави членки ја забрзаат процедурата на ратификација на пристапниот протокол“.
Вообичаено, ратификацијата на овој протокол трае една година.
Според извори, на Еуроактив, официјалниот текст на протоколот за пристапување во вторникот е одобрен од земјите на постојаните амбасадори на земјите членки во НАТО и сега се очекува процедура на ратификација на протоколот во нивните национални парламенти.
Грција планира да го ратификува протоколот за пристапување до 8 февруари, како што се наведува, додавајќи дека веројатно таа ќе биде првата земја која ќе ја отвори вратата на Северна Македонија во НАТО.