16 Декември, 2025
0.0401

Грција врие зошто Турција се уште не нарекува со старото уставно име

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019 14:08

Добивај вести на Viber

Турција инсистира на употребата на името "Македонија", иако е активиран Преспанскиот договор и Скопје ги информираше Обединетите нации дека сега земјата-членка го носи новото уставно име, тврди грчки „Скај“.

Во изјавата за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Скопје, во која загинаа најмалку 14 лица, турското Министерство за надворешни работи дава сочувство до "Македонското братство", пренесуваат од таму, наместо да се обратат до „Република Северна Македонија“.

Забележуваат дека во официјалните преписки или се избегнува новото, или се уште се користи старото име иако Турција е членка на НАТО каде што Македонија минатата недела го потпиша пристапниот Протокол токму благодарение на Преспанскиот договор.

„Турското инсистирање на старото име доаѓа кога Атина и Анкара се обидуваат да ги избалансираат своите билатерални односи, бидејќи премиерот Алексис Ципрас минатата недела се состана со турскиот претседател Тајип Ердоган. Анкара ја избегнува употребата на "Северна Македонија" од самиот почеток. Тој беше единствениот член на НАТО кој со години го призна Скопје во рамките на Алијансата со старото уставно име "Република Македонија", така што во сите најави имаше посебни фусноти“, коментираат од грчката телевизија.

Канцеларијата на генералниот секретар на ОН потврди дека добил вербална белешка од Скопје во која е информиран за промената на името.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење