15 Декември, 2025
0.2733

Груби: Да ги прифатевме условите во 2011, немаше да има ерга омнес и отворање на Уставот

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022 11:26

Добивај вести на Viber

Пратеничките групи и пратениците денеска се среќаваат и ќе разговаараат по однос на предлог-заклучоците на Владата за информацијата која што е доставена од Советот на ЕУ до Владата на РСМ за т.н. француски предлог. Првиот вицепремиер Артан Груби денеска изјави дека ако се одбие францускиот предлог, следниот ќе биде полош и повлече паралела со преспанскиот договор од 2018.

- Доколку ги прифатевме условите во 2011, немаше да има ерга омнес и потреба од отворање на УСтавот, но ние тоа го одбивме и го прифативме Преспанскиот договор во 2018, рече министерот за политички систем.

Груби призна дека францускиот договор не е најдобро решение, но истовремено е убеден дека не е можно да има подобар. Вели дека и самиот бугарски мандатар Асен Василев рекол дека по однос на предлогот, тоа е затворено прашање за Бугарија.

- Не е најдоброто решение, но подобро нема да добиеме никогаш и затоа сметам дека политичките елити во земјата, цивилното општество, медиумите, академската фела, треба да се охрабрат и да ја кажат вистината пред граѓаните дека со овој предлог не се спори ниту македонскиот идентитет ниту македонскиот јазик, ниту македонските културни и духовни особености, рече тој.

Вицепремиерот најави дека францускиот предлог во форма на драфт-заклучоци останува да биде прифатен уште од Собранието.

- Се работи за драфт-заклучоци кои треба Собранието да ги усвои. Ако ги усвои после дебата во Собранието, се надевам дека со вклучувањето на опозицијата во целиот овој процес, ќе изнајдеме најдобро можно решение, изјави Груби и додаде дека компромисите се нула по однос на јазичните, културните, идентитетските и културните особености на македонскиот народ и државата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење